ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ

ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ

ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ

Она што целосно не разликува од останатите старечки домови, е функционирањето на Центар за здравје, во кој нашите станари имаат квалитетна грижа, физиотерапевтски услуги, дневни масажи со најсовремени медицински апарати и соодветни помагала, како и фитнес сала. Во рамки на Центарот за здравје функционира амбуланта за здравствени прегледи кои се спроведуваат во соработка со доктор по општа медицина достапен согласно потребите на станарите. Воедно водиме континуирана грижа за Вашето здравје со спроведување на редовни биохемиски и микробиолошки анализи во соработка со реномирани лаборатории. Нашиот посветен и мотивиран тим, составен од медицински кадар и социјален работник, овозможува перманентна грижа за станарите со цел- одржување на здравјето на станарите и продолжување на нивниот живот на најдобар можен начин.


Rehabilitaciski uslugi Hanters Life


Рехабилитациски услуги

Услугите за рехабилитација кои ги нуди Hanters Life – приватен дом за стари лица за долг и здрав живот, се фокусира на целосен физички, емоционален и социјален третман на станарите, и вклучува физикална, индивидуална и говорна терапија. Сите програми за терапија се креирани со цел да ги задоволат потребите на станарите и да ги максимизираат нивните психо-физички капацитети и способности. Терапевтите ги едуцираат станарите за тоа како да ја продолжат, сочуваат и подобрат нивната активност со цел да се постигне највисоко ниво на независност во секојдневието.