Добредојдовте во HANTERS LIFE- ДОМ ЗА ЗДРАВ И ДОЛГ ЖИВОТ НА СТАРИ ЛИЦА. Нашата мисија е да обезбедиме топол и пријатен дом за Вас и да се посветиме на Вашето здравје, задоволство и долговечност.
Животот е секогаш убав. Почувствувајте го целосно, удобно сместени во Вашиот нов луксузен дом, опколени со убава природа, чист воздух и беспрекорна грижа.
ХАНТЕРС ЛАЈФ – домот за живот е сместен на 25 километри од центарот на Скопје, на 7.5 хектари пошумена парцела во Катланово, со што претставува најголем дом за стари лица во Македонија. Тој претставува уникатен и единствен комплекс кој е адаптиран во согласност со највисоките европски стандарди за сместување, грижа и нега на постари лица.
Домот се состои од интегриран и функционално поврзан ресорт на 50 модерни и високо луксузни апартмански живеалишта. Секој апартман има површина од 40 м2, и е концeпиран со одделен дневен престој, со сопствена чајна кујна, луксузна бања и посебна соба за спиење со две легла. Секој апартман е опремен со нови софи и фотељи, трпезариска маса и столчиња, ЛЕД телевизор, системи за безбедност и дојава и безжичен интернет. Апартманите имаат сопствен систем за греење, и највисоки стандарди за топлинска и звучна изолација, што е една од разликите од останатите старечки домови.
Домот располага со вкупен капацитет од 120 легла и центар за заеднички дневен престој во чиј состав станарите ќе имаат можност за користење на мини-кино, библиотека, музички настани во живо и социјални активности по стандардизирани програми.
Она што целосно не разликува како приватен дом за стари лица, е функционирањето на високо луксузен центар за здравје, во кој нашите станари имаат 24 часовна здравствена грижа, физиотерапевтски услуги, дневни масажи со најсовремени медицински апарати и соодветни помагала, фитнес сала, како и оддел за разубавување на станарите. Во рамки на Центарот за здравје функционира амбуланта за здравствени прегледи кои се спроведуваат во соработка со доктор по општа медицина и доктор на стоматологија. Воедно водиме континуирана грижа со спроведување на редовни биохемиски и микробиолошки анализи во соработка со реномирани лаборатории. Нашиот посветен и мотивиран тим, составен од медицински кадар и социјални работници, овозможува перманентна грижа за станарите со цел - одржување на здравјето на станарите и продолжување на нивниот живот на најдобар можен начин.
За долг и здрав живот, од голема важност е исхраната и начинот на нејзиното подготвување. Во нашиот комплекс, постои кујна и трпезарија со површина од 300 м2 со исполнети ХАСАП стандарди, во која се подготвуваат три главни оброци за станарите според меѓународни стандарди за нутритивни вредности и индивидуални преференци на станарите.
Ве покануваме да не посетите и да прошетате низ нашиот прекрасен комплекс за стари лица и да го искусите карактерот и шармот на нашиот дом и да се запознаете се нашиот персонал и услуги кои ги нудиме.
Нашата предност, покрај уникатниот амбиент, сместување и содржини, е и нашиот
професионален кадар кој е обврзан да се грижи за потребите на станарите кои можат да
уживаат во независно живеење или живеење со помош и здравствена нега.
Хантерс Лајф тимот го сочинуваат:
Сите наши вработени лица ги исполнуваат потребните законски услови, го прифаќаат Кодексот на Етика на Хантерс Лајф и во своето работење се водат од принципите на професионалноста, отвореноста, почитување на здравјето, правата и достоинството на станарите и нивните потреби, желби и очекувања за долг и здрав живот.
Станувајќи социјално активен во ХАНТЕРС ЛАЈФ-дом за долг и здрав живот, вие добивате бројни придобивки:
Зголемена самодоверба
Некои стари лица се мачат со самодовербата. Социјализација носи поголемо
чувство на припаѓање во заедница која директно резултира во поголема
самодоверба.
Подобрување на Менталното и физичкото здравје
Осаменоста може да предизвика чувство на очај и желба за интеракција, но
социјализацијата прави Вашите сакани да се чувствуваат сакано. Ова е одличен
начин да се сочува менталното здравје, а притоа се прават активности кој го
стимулираат мозокот.
Физичкото здравје се подобрува преку големиот број на физички активности кои
што домот ги обезбедува за своите станари.
Чувство на припаѓање во заедница
Контактирањето со Вашата фамилија придонесува во одржувањето и подобрување на здравјето,
но да бидете дел од заедница е позитивно, бидејќи на Вашите сакани им дава чуство на дом
и богат социјален живот. Можноста да имаат сопствени пријатели и приватни разговори им
помага на Вашите сакани во таа преодна фаза на нивниот живот. Во Хантерс Лајф- дом за
долг и здрав живот, имаме позитивен пристап кој им помага на станарите на нашата
заедница во надминување на предизвиците кои ги носи староста, а тоа го постигнуваме
преку различните опции за нега кои ги нудиме.