Барање на идеална заедница која нуди живеење со помош, за Вас или Вашиот сакан е многу битна одлука. Без разлика каде живеете, постојат само неколку заедници од кои може да се избере. Но, да се избере таа што ги задоволува Вашите потреби е клучно. За да се направи тоа, императив е да обрнете внимание на карактеристиките на домот, неговиот надворешен и внатрешен амбиент, неговите услуги и пред се персонал, бидејќи сето тоа влијае на квалитетот на животот на Вашите најблиски.
Музика и Меморија
Активностите поврзани со Музика и Меморија претставуваат важен дел на нашата заедница која обезбедува прекрасно искуство на враќање на меморијата преку песна. Придобивките на персонализирана терапевска музика е темелно изучена од научници низ светот. Музиката комуницира со долготрајната меморија на мозокот и често пати слушачот се потсеќа на нешта од нејзиното или неговото минато. Ние сме горди што нудиме вакви искуства кои ја подобруваат благосостојбата и здравјето на нашите станари.
Социјалната изолација е ризик
Социјалната изолација помеѓу постарите генерации е нешто што има сериозно влијание на здравјето. Со староста, здравјето се влошува, телото станува помалку мобилно, и овие проблеми придонесуваат човек да стане повеќе асоцијален од претходно. Социјалната изолација е директна причина на неколу проблеми што Вашите сакани ги имаат живеејќи ги нивните златни години. Овие проблеми вклучуваат:
- Висок крвен притисок
- Намалено физичко здравје
- Намалено емоционално здравје
- Депресија
Не изненадува фактот дека сите овие фактори водат кон негативности: лош
квалитет на живот и поголеми несакани ризици.